Екипите на Барселона и Интер го одиграа еден од најдобрите и највозбудливите натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите. Во првиот полуфинален дуел лидерот на Примера и шампионот на Италија ремизираа со по три постигнати гола, во натпревар со ревија од евроголови на двете страни. Средбата на „Монжуик“ започна со непосакуван удар за домаќините, затоа што Интер поведе уште при првиот напад. Се играше триесеттата секунда, кога Дамфрис испрати ...
Барселона и Интер одиграа без победник 3-3 во фантастичниот меч кој вечерва се одигра на „Монжуик“ во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот и италијанскиот великан одиграа натпревар кој ќе се памети, натпревар со фантастични голови, натпревар кој остава се отворено пред реваншот на „Џузепе Меаца“ закажан за наредниот вторник во Милано. Калчолигашот ги казнуваше сите грешки, слабости на домаќините кои пак не се предаваа, се враќаа од ...