Елиф Елмас повторно постигна гол, ова му е четврти погодок во седмиот настап за Торино во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец речиси еден месец немаше гол, но денеска погоди убаво на мечот со Верона за 1-1, неутрализирајќи го водството на противникот. Најефикасната сезона во кариерата на Елмас беше 2022/2023 кога даде 6 голови на 36 меча, просек од гол на секој шести настап. Сега во Торино има феноменален процент, а овој ...

Екипата на Торино освои нов бод во Серија А, дома ремизира со Верона (1-1), а главен виновник за тоа е македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас. Плејмејкерот се запиша во листата на стрелците и го даде четвртиот гол во седмиот настап за „биковите“ во калчото. Течеше 67. минута, кога Елмас доби топка во казнениот простор од Никола Влашиќ и убаво биеше по земја за реми. Претходно, Торино имаше шанса да го отвори мечот од пенал во 62. минута, арно ...