Центарот за обука на МВР во Идризово доби акредитација од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки. Акредитацијата на министерот за внатрешни работи Панче Топковски му ја оредаде амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Министерот Тошковски истакна дека со оваа акредитација се прави уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за ...

Денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и американскиот амбасадор, Ангела Агелер се одржа свечено предавање на акредитација на Центарот за обука. Акредитацијата од страна на Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) на министерот Тошковски свечено му ја предаде амбасадорката ...