Филмот „Домаќинство за почетници“ во вторник (14 мај) ќе има бесплатна проекција во киното Фросина во Младинскиот културен центар по повод Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија. „Ни претставува чест да го одбележиме Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија #IDAHOBIT со филмската приказна на Столевски која се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме ...

Во Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104′) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). Филмот е дел од сегментот ФФФ Doc. од Придружната програма на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, поголемиот дел од Придружната програма на Фестивалот е посветен ...