Москва внимателно ја следи ситуацијата со протестите во Србија и изразува надеж дека немирите ќе се смират на уставен и законски начин, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. „Го следиме развојот и заинтересирани сме овие немири да се решат, како што истакна и претседателот на Србија, Александар Вучиќ – во рамки на уставот и законите на оваа пријателска држава“, рече Лавров пред новинарите. Тој додаде дека Русија очекува ...
На прес конференцијата по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на воениот сојуз на ОДКБ, Лавров кажа и дека Москва „забележува подготвеност на српското раководство за дијалог со демонстрантите“, пренесува РИА Новости. „Како по правило, западните земји се обидуваат да ги искористат одредени внатрешни настани во различни земји со цел да ги унапредат своите интереси на штета на интересите на другите партнери на дотичната земја. Се ...