Македонскиот народен театар го одложува за наесен спектаклот „ Сонцето, колку е блиску сонцето! Made in MNT“, планиран за прославата на јубилејот – 80 години постоење, што требаше да се одржи на 3. април. Причината е трагедијата што се случи во кочанската дискотека, која што однесе 59 животи, а околу 200 беа повредени, стои во соопштението од МНТ. Сепак , датумот на почетокот на работата на театарот (3.Април 1945 година), нема да биде игнориран. ...

Битола, 25 март 2025 (МИА) - Свеченостите по повод големиот јубилеј – 80 години од денот на формирањето, НУУБ „Свети Климент Охридски“- Битола ги почна со панел на тема „Значењето на библиотеките за културниот живот и образованието во заедницата“. На панел дискусијата која е дел од проектот „Промовирање на значењето на библиотеката како културна и образовна институција во заедницата – 80 години постоење на Битолската библиотека“, освен ...