Со активностите на терен започна поврзувањето на населбата Пребег со новата обиколница. На ваков начин ќе се овозможи поврзување со населбите Железничка и Плуждино, а дополнително и урбанизирање и модернизирање на населбата Пребег. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека обиколницата треба да биде готова до крајот на оваа година. „Станува збор за инвестиција нешто повеќе од седум милиони денари за изградба на сообраќајница ...
Штип, 15 јули 2025 (МИА) – Градежните машини од денеска почнаа со трасирање на обиколницата, која ќе ги поврзува населбата Плуждино и бањата Кежовица со населбата Пребег и останатите населби во градот, со излезот и влезот на градот кон Радовиш и Струмица. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека овој дел од обиколницата е во должина од 700 метри. -Ако во изминатиот период се работеше на ...