Лос Анџелес Клиперс официјално потврди дека од тимот си заминува Крис Пол. Пол објави „стори“ на Инстаграм во која напиша: „Тукушто дознав дека ме праќаат дома“. „Се разделуваме со Крис и тој повеќе нема да биде со тимот. Крис е легендарен член на Клиперси. Сакам да разјаснам едно: никој не го обвинува Крис за нашите лоши перформанси“, рече Лоренс Френк, претседателот на кошаркарските операции на Клиперс. Сè уште не е јасно што доведе до оваа ...
Лос Анџелес Клиперс игра ужасно на стартот на сезоната и има биланс од 5 победи и дури 16 порази, а тоа ја натера управата на оваа франшиза да повлече и еден радикален потег. Ова утро, како гром од ведро небо пристигна информацијата дека Крис Пол добил шокантен отказ од Клиперси, и тоа во период кога на големо се зборуваше дека ја игра последната сезона во НБА кариерата. Легендарниот плејмејкер еднострано е ослобден од страна на Лос Анџелес ...

