Вториот мандат на Трамп, сепак, е резултат на нешто, на нешто што е долго, минимум 30-тина години, ферментирано и во главите на луѓето, и во главите на мислителите и во главите на светската политичка мапа, рече Гордан Георгиев од Форум за разумни политики во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ. „Трамп е моторот, погонското гориво, но не е кауза прима на целата приказна“, вели Георгиев. Тој наведе неколку политолошо-социолошки причини кои ...

„Прилично површно ги гледаме работите. Како, условно кажано, да седиме со пуканки пред телевизор и гледаме што ќе се случи следниот ден“, вели Георгиев. Според него, првата или големата причина е природата на капитализмот или неолибералниот изданок на капитализмот. „Тој создаде огромни разлики во профитите, создаде огромни дискрепанци. На бранот на тој капитализам ни се случи една глобализација во последните 30-40 години која што дополнително ...