Борусија Менхенгладбах е очајна на почетокот на оваа сезона во Бундеслигата. И кризата никако да помине. Напротив, таа е сѐ поголема. На денешниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт се чини дека достигна и кулминација. Гостите по првото полувреме водат со неверојатни 0-5. Вакви резултати се вистинска реткост во Топ 5 лигите. Ајнтрахт поведе со голот на Кох во 11-тата минута, четири минути погоди и Кнауф, а во 35-тата Буркарт зголеми на 0-3. До ...

Ајнтрахт Франкфурт слави во неверојатен натпревар на гостински терен кај Борусија Мехненгладбах со вртоглави 4-6 (0-5) во петтото коло од Бундеслигата. На „Борусија Парк“ се одигра сè освен обичен и здодевен дуел, а за жал за домашните посреќни и подобри беа гостинските фудбалери. По мирните стартни десет минути Ајнтрахт набрзина со головите на Робин Кох и Ансгар Кнауф поведе со 0-2. Следуваше нов помирен период и одново два брзи гола, овојпат ...