Управата за извршување санкции покрена дисциплинска постапка против двајца затворски службеници осомничени дека се вмешани во случајот со криумчарење мобилни телефони во затворот во Шутка. Случајот е отворен откако кај шоферот кој ја прегази Фросина на Партизанска беше пронајден мобилен телефон веднаш откако беше спроведен во затворот. Потоа следеше опсежна акција во која беа пронајдени уште 70 мобилни апарати и полначи кај затворениците. © ...
Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка, кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Пандов истакна дека по пронајдените телефони кај Васил Јованов, интервентна полиција извршила претрес во притворскиот дел на ...