Стотици граѓани излегоа да и оддадат почит на Фросина, која на 22-години загина на Партизанска, прегазена од возачот Васил Јованов. Запалија свеќи под венецот и нејзината слика, а поставени на пешачкиот остров кај Универзална сала. Граѓаните бараат безбедни улици, доследно спроведување на законите, правосуден систем кој ќе казнува и спречува вакви настани. Васил Ј. кој има 20-години и ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизанска“ ...
Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска ѝ оддадоа почит на Фросина Кулакова од Неготино, која трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена пред три дена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола и поминал на црвено ...