Македонија и Унгарија ги јакнат билатералните односи. Втор ден од посетата на македонска владина делегација во Будимпешта. Премиерот Христијан Мицкоски ја почна средбата со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Согласно агендата, двајцата лидери средбите ќе ги заокружат со заедничка прес-конференција на која се очекува да бидат изнесени и детали од разговорите меѓу двете страни. Повеќе од прилогот на нашиот специјален известувач од ...
Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Гаши, а по средбата предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите. Според најавата од Собранието, ...