Државниот завод за ревизија утврди сериозни недостатоци во управувањето со книгите набавени преку проектот „Превод на 500 стручни и научни книги и учебници“ од врвни универзитети од САД, Англија, Франција и Германија. За овој проект, во периодот од 2012 до 2021 година, Министерството за образование и наука исплатило вкупно 814.763 илјади денари, односно приближно 13,25 милиони евра. Иако проектот имал цел да обезбеди современа литература за ...

Преведените 500 стручни книги, за кои се потрошени 13 милиони евра, се чуваат во несоодветни услови поради што дел од книгите се оштетени. Во магацин во Средното училиште за деца со посебни потреби „Св. Наум Охридски“ има учебници кои по воведувањето на Кембриџ-програмата станале неупотребливи, утврдија ревизорите во извештајот за Министерството за образование за 2023 година. Министерството за образование и наука (МОН) потрошило милионски суми ...