На денешен ден, пред 50 години, Атина Бојаџи го преплива каналот Ламанш. Подвиг кој не знам дали некоја друга пливачка од Македонија го повторила. Охридската Делфина доби многу признанија, меѓу кои и неколку највисоки државни. Но од својот град никогаш не доби вистинско оддолжување, почитување. Општина Охрид во календарот на настани воопшто не го ставила овој датум. Освен спортскиот центар, ништо друго нема што би го одржало споменот на оваа ...
Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри-Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад ...