Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, не присуствуваше на „Мет Гала“ поради повреда на коленото што ја заработи минатата недела. Џејмс беше именуван за почесен претседател на култниот моден настан, кој служи како собирање средства за Метрополитен музејот на уметност. Тој исто така истакна дека неговата сопруга, Савана, ќе биде присутна во Њујорк. „За жал, поради повредата на коленото што ја претрпев на крајот од сезоната, нема да ...
Голден Стејт направи „брејк“ во првиот натпревар од полуфиналната серија со Минесота, славејќи со убедливи 88-99. Сепак, и покрај победата, навивачите на Вориорси натпреварот во Минеаполис нема да го паметат по добро. Првата ѕвезда на тимот, Стеф Кари, се повреди, а поради болки во задната ложа, го заврши натпреварот во текот на втората четвртина. Бидејќи овој вид повреда е исклучително незгоден и тешко е со сигурност да се утврди колку време е ...