По големото реми во Гент против Белгија се создаде голема еуфорија пред денешниот меч со Казахстан, Националната Арена „Тодор Проески“ беше речиси исполнета, македонските фудбалери имаа голема поддршка од трибините за да остварат победа, но за жал тоа не се случи. Бевме сериозен фаворит во овој меч, но не го одигравме нашиот најдобар натпревар, имавме свои моменти, особено во вториот дел од натпреварот, но не успеавме да ги освоиме трите бода. ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски вчера ја имаше една од најдобрите партии во репрезентативниот дрес. Беше на висината на задачата во секоја закана од противничките фудбалери а се истакна со одбраните на обидите на Де Брујне, Доку, Опенда и Фофана. По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс и Белгија. Победа на Велс ...