Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на своите играчи им порачал дека ќе бара посветеност и работа на теренот. „Оние кои не трчаат и не даваат сè од себе на теренот, нема да играат. Имињата не се важни. Не можете само да стоите таму и да чекате топката сама да влезе во голот. Мора да се борите за секоја топка“, рекол Алонсо. Првиот натпревар на мадридскиот тим под негово водство ќе се одржи на 18 јуни против саудиски Ал-Хилал во рамките ...

Дефанзивата беше една од болните точки на „кралевите“ изминатава сезона, главниот проблем беше тоа што одредени играчи од нападот не помагаа доволно кога ќе беше изгубен посед на топката. Па токму ова е делот на кој Чаби Алонсо ќе работи повеќе и како што пренесува Кадена СЕР, новиот тренер на Реал Мадрид испратил јасна порака до тимот: сите ќе мора да трчаат и да го даваат максимумот во одбрана. Оние кои нема доволно да се залагаат во ...