Со факели, петради но и испукан еден истрел во воздух, втора ноќ по ред продолжија судирите меѓу демонстрантите и лојалните поддржувачи на владејачката Српска напредна партија во најголемите градови во Србија. Факели и петарди фрлаа поддржувачите на владејачката Српска напредна партија врз антивладините демонстранти во Нови Сад што ја натера полицијата да интервенира. Протестите се одржаа во 30-тина градови во соседната држава. Најмасовни беа во ...
Нови судири помеѓу антивладините демонстранти и полицијата избија синоќа во Србија. Во Ваљево, демонстрантите ги запалија просториите на Српската напредна партија откако група маскирани лица ги скршија прозорците и фрлија пиротехника за време на протестот. Интервенирале пожарникари. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа дека имало драстично нарушување на јавниот ред и мир, брутални напади врз полицијата, демолирања и палежи, при што ...
Во Белград синоќа избувнале тензии меѓу демонстрантите и полицијата, при што најхаотично било во центарот на градот. На улиците запалени и превртени контејнери, густ чад, се користеле пиротехнички средства. Судирите започнале нешто по 22 часот, кога група од демонстрантите се обидела да го пробие полицискиот кордон. Полицијата возвратила со солзавец за да ја растера толпата, а според дел од медиумите, биле употребени и топовски удари. Протестите ...