Екипите на Вардар и Струга Трим Лум се стекнаа со предност по првите натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, и на реваншите за две недели ќе имаат убава прилика да се најдат во финалето. Црвено-црните на Арената „Тодор Проески“ ја совладаа Брера Струмица со 3-0 (третиот гол падна во 56-та минута), а стружани направија пресврт во Тетово и ја победија Шкендија со 2-1, откако домашните на полувреме водеа со 1-0. Победничкиот гол беше дело на ...

Вардар со високи 3:0 го доби тимот на Брера Струмица на првиот полуфинален меч од Купот на Македонија и во Струмица на реваншот патува со три гола предност. Вардар поведе во 26. минута кога Фаустин Сегнор постигна гол за 1:0, но на истиот протестираа од Брера за тоа дека голот е од офсајд позиција, но голот не беше поништен. Во вториот дел Вардар преку Матиќ и Закариќ ги постави конечните 3:0. Во Тетово имаше понеизвесен меч каде Шкендија преку ...