Олаф Шолц се надева дека нема да се чекаат уште 10 години за Западен Балкан да стане дел од европското семејство. Ваква порака испрати германскиот канцелар Шолц, по повод една деценија од постоењето на иницијативата Берлински процес, која точно после 10 години се врати од каде што започна – Берлин. Иако целта на иницијативата е забрзување на приемот на шесторката од Западен Балкан во ЕУ, пораките се јасни - нема отстапувања од реформскиот пат. - ...
Лидерите на Западен Балкан, претставници на ЕУ и поддржувачи на процесот од редот на земјите членки, се собраа во Берлин на 10-годишнината од почетокот на Берлинскиот процес. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека проширувањето се врати како приоритет на ЕУ, а планот за раст на земјите кандидати и Косово е чекор поблиску до заедничкиот пазар со Унијата. „Ни требаше мост помеѓу заедничкиот регионален пазар и ...