Утре стартува Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои ќе се играат е помеѓу Брера Струмица и Вардар. Вардар најави мобилизација за навивачите во Струмица се најавуваше и поставување на дополнителна гостински трибина, но за жал „Комитите“ нема да можат да присуствуваат на овој натпревар. На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар, Горан Пандев се извини во свое име и во име на клубот до „Комитите“ за ситуацијата. ...

Ребрендираниот тим на АП Брера Струмица утре ќе биде домаќин на најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска лига. Иако имаше најави дека „Комитите“ ќе можат да гостуваат, а струмичкиот клуб се потруди да постави и монтажна трибина, сепак, тоа нема да се случи. „За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме допис од ФФМ дека не смееме да ги примиме ‘Комити’ на трибините. Во ...