Сè е подготвено за битолската европска кошаркарска премиера, вечерашниот меч од второто коло во ФИБА Европа Купот во кое Пелистер ќе биде домаќин на Превидза од Словачка. Пелистерци претрпеа пораз во првиот меч во Загреб од Цедевита јуниор, но таа лекција е научена, па се очекува избраниците на тренерот Даскаловски максимално мотивирани да го дочекаат гостинот. Промената на пристапот е она што сите во таборот на Пелистер го потенцираа во пресрет ...
Пелистер – Приевидза 90:83 -Одличното второ полувреме им ја донесе на „пелистерци“ големата победа на дуелот против Приевидза од Словачка во Битола.Кошаркарите на Пелистер испишаа историја откако во второто коло стигнаа до првата победа во ФИБА Европа купот, триумфирајќи над Приевидза од Словачка со резултат 90:83. „Пелистерци“ одиграа импресивно второ полувреме, во четвртата четвртина имаа и огромни 20 поени предност, но за малку скапо ќе го ...

