Сѐ помлади лица стануваат терористи, при што речиси секое трето лице осомничено за тероризам минатата година било помладо од 20 години, а најмладото имало само 12 години, според извештајот на Европол објавен во вторникот. „Онлајн заедници слични на култови“ ги користат дигиталните платформи за ширење и за да ги нормализираат сликите на екстремна суровост, за изнудување на жртви и поттикнување млади луѓе на насилство, соопшти европска полициска ...

Во Европската Унија минатата година, 449 лица беа уапсени за кривични дела поврзани со тероризам, а речиси секое трето лице беше малолетно или младо возрасно лице, објави вчера Европол. Најмладиот меѓу нив имал 12 години и бил уапсен поради планирање напад. Во 2024 година, 14-те земји-членки на Европската Унија пријавија вкупно 58 терористички напади, според најновиот извештај за состојбата и трендовите во тероризмот во ЕУ (TE-SAT). Од тие ...