Екс-претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, нема да седне во обивнителна клупа заедно со Небојша Стојановиќ, кому според обвинителството му оддавала службена тајна и со останатите обвинети во предметот „Адитив“. Судечкиот совет одлучи да го одбие предлогот на обвинителството за спојување на двата предмета со што на Димитровска и уште тројца други обвинети ќе им се суди во посебен предмет. Судиите ги имале предвид и доказите, но и тоа дека ...

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на Обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија „ЕСМ“ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба. Согласно одлуката, случајот „Адитив“ сега ќе се води преку две одвоени постапки. Првиот предмет опфаќа над ...

Со доцнење од 45 минути поради технички проблеми во дигиталната судница во Идризово почна второто рочиште за случајот „Адитив“. Но рочиштето траеше многу кратко бидејќи не се појави обвинетата службеничка од „Пошта“ Маја Јорданова, чија компанија „Браинкоде“ ги продавала адитивите по поскапи цени на државата ЕСМ. Како што образложи судот, пред рочиштето ефективниот притвор за Јорданова бил преиначен во куќен притвор, но одлуката сѐ уште не била ...