Со оро, песна и посна трпеза, Штип го слави големиот христијански празник Преображение Господово. Манастирот посветен на синот божји Исус Христос, кој се наога на само неколку километри над Штип, денеска собра голем број верници ширум државата, кои од рано утринава дојдоа да се поклонат и да запалат свеќа за здравје и спасиение. Некој чуле од свои блиски, други од болни луѓе, трети од луѓе од странство, дека овде на ова место луѓето си наогаат ...
Црквата на најголема надморска височина во земјава на планината Фојник во Порече го прослави својот патрон Преображение господово. На овој празник по традиција црквата ја посетуваат жители од три села, Брест, Косово и Треболе, како и голем број гости од други градови низ земјава, претежно родум од овој крај. – Својот патрон го одбележува црквата на најголема надморска височина во Порече „Преображение господово“. Овој храм на 1.420 метри н.в. ...