Манчестер, 29 март 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека тимот не заслужува бонус за Светското клупско првенство. Претходно беше објавено дека на „Граѓаните“ ќе им бидат исплатени најмалку 25,9 милиони долари за учество на турнирот. Победникот на натпреварувањето ќе добие 125 милиони долари. - Не заслужуваме бонус оваа сезона. Тренерот, стручниот штаб и играчите не заслужуваат бонус. И ако победиме, целата награда ...
Кристијано Роналдо не сака да го пропушти првото издание на Светското клупско првенство со 32 екипи учесници, а единствениот начин да учествува на него е да потпише евентуален краткорочен договор со некоја од екипите кои обезбедија место на турнирот во САД. Договорот на Португалецот со Ал Наср истекува летово, а португалските и англиските медиуми тврдат дека Кристијано не може да се помири со фактот што неговиот тим нема да биде дел од клупскиот ...