Добивај вести на Viber Смртта на Ведат Адеми ќе ја истражува експертски тим, а за тоа наредба дал лично министерот за здравство Арбен Таравари. Ведат Адеми е роден во 1992 година, а починал завчера, и според сведоштвото на неговиот татко, смртта настапила од анафилактичен шок во болницата во Куманово, по примена терапија, иако во здравствена книшка стои дека е алергичен на аналгин. На социјалните мрежи не стивнува револтот од смртта на Адеми. ...

Има ли лекарска грешка во третманот на младиот кумановец кој почина во кумановската болница завчера? Министерот за здравство соопшти дека доколку има лекарска грешка, секако ќе има и одговорност. Инаку ДСЗИ и тим на министерството за здравство ќе утврдат дали имало пропуст или лекарска грешка во лекувањето на 32 годишниот кумановец кој починал додека примал инфузија, а првичните сознанија велат дека имал алергиска реакција на аналгетик. – Да ...