Во натпревар со три гола и два црвени картони, Манчестер Ј. успеа да слави на домашен терен на дербито со Челзи со 2:1 и да ја прослави втората сезонска победа во Премиер лигата. За Челзи ова беше прв сезонски пораз, но дојде во многу неповолни услови откако по само пет минути игра вечерва на „Олд Трафорд“, лондончани останаа со играч помалку. Еден непромислен старт на голманот Санчез надвор од шеснаесетникот значеше директен црвен картон за ...

Дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед беше некарактеристично за англиски услови и легендите испратија низа критики за тоа што беше видено на „Итихад“, но една седмица подоцна, пресметката меѓу Јунајтед и Челси донесе далеку поразличен фудбал. За разлика од нежниот и едностран фудбал во кој не видовме ниту еден жолт картон, вечерва во врнежливиот Манчестер видовме низа елементи кои се карактеристични за едно големо дерби, а драмата ...