Дојави за бомби и денеска ги испразнија училиштата. Овие досега лажни аларми предизвикаа хаос во образованието. Учениците губат настава, наставниците мака мачат да ја надоместат, родителите револтирани од целокупните состојби. „Аман веќе со дојавиве за бомби, како ќе се организирам сега, треба да го земам детето, да излезам од работа“, ова е реакцијата кај многу од родителите кои утринава повторно добија повик од училиштата да ги земат децата ...

Нервозни се и учениците и кадарот, не само поради тоа што се пролонгира времето за настава, туку и поради тоа што квалитетот не е ист, а некаде имало проблем со вклучувањето на „Тимс“. Родителите на помалите ученици, пак се изморени од трчањето да ги земат од школо и се чудат како ќе се снајдат и кој ќе ги чува децата, ако треба да учат на далечина Во средните училишта и во дел од основните и денеска наставата почна со физичко присуство, а ...