Откако ненамерно паузираше минатото коло и го доби натпреварот со Шкупи со службени 3-0, екипата на Силекс во сабота ќе го пречека тимот на Македонија ЃП. За разлика од гостинот на овој меч кој нема освоено бод, кратовскиот тим има максимални шест од првите два дуели во новиот шампионат. Во првото коло избраниците на Александар Васоски беа убедливи над Брера со 5-0, а во второто добија победа од службени 3-0, и сега одат на максимален биланс од ...
Фудбалерите на Силекс водат со 1-0 на полувреме против Македонија Ѓорче Петров во единствениот натпревар од денешната понуда од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига. И двата тима влегоа многу внимателно во натпреварот, па по 20 минути игра не добивме ниту една шанса на двете страни на теренот, а на семафорот се уште стоеја почетните 0-0. САмо три минути подоцна домаќините успеаја да поведат со 1-0 откако новата аквизиција Пиреш стрелаше ...