Денеска и утре се игра вонредното 27. коло во Премиерлигата, а денеска беа постигнати неколку интересни резултати. Брајтон ја продолжува својата победничка серија и на домашен терен го совлада Борнмут со 2-1. Домашниот тим поведе од пенал преку Жоао Педро, а Клајверт со прекрасен гол израмни во 61. минута. Големата победа на Брајтон ја донесе искусниот Дани Велбек кој погоди во 75. минута. Кристал Палас оствари изненадувачки убедлива победа над ...
Фудбалерите на Кристал Палас ја забележаа втората премиерлигашка победа во низа, откако славеа со сигурни 4-1 (1-0) над Астон Вила во натпреварот од 27. коло. Домашниот тим водеше на паузата со голот на Исмаила Сар, а во вторите 45 минути ја потврди победата со вториот гол на Сар и по еден на Жан-Филип Матета и Еди Нкетиа. Почесниот погодок за Астон Вила беше дело на Морган Роџерс во 52. минута. Палас сега избива на 12. позиција со вкупно 36 ...