Барселона со магичен пресврт и победа со гол од пенал во 98-мата минута дојде до победа над Селта Виго со 4-3, но вистински хаос се случуваше на клупата за резервни фудбалери. „Каталонците“ имаа негатива од 1-3 во 62-рата минута, а само три минути претходно во игра беа уфрлени Олмо и Јамал. Во финишот на мечот, Ханси Флик ги уфрли и Гави, Гарсија и Виктор, а Ансу Фати кога сфати дека нема да добие минутажа, иако неговата екипа брка победа, ...

Џирона ја продолжи губитничката серија во Ла Лига откако тимот на нашиот Бојан Миовски загуби на домашен терен од Бетис со 1-3, четврти пораз во низа за избраниците на тренерот Мичел. Овој стратег лани направи чудо со Џирона, но сезонава се почесто е критикуван, меѓу другото и поради упорното игнорирање на Миовски, кој не добива шанса да ги покаже своите квалитети за шпанскиот прволигаш. Денешниот дуел со Бетис беше уште еден јасен знак дека ...