Денеска во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“. Како што соопшти МВР, околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот ...

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна квалификација. Јавното обвинтелство соопшти дека при вршење семејно насилство вчера изутрина, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник ги лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална ...