Новоизбраниот папа Лав XIV денеска на овие позиции привремено ги потврди лидерите и членовите на институциите на Римската курија, секретарите и претседателот на Папската комисија на државата Ватикан, соопшти Ватикан. „Светиот Отец, всушност, сака да резервира одредено време за размислување, молитва и дијалог, пред каква било конечна номинација или потврда“, се додава во соопштението, пренесува Ватикан Њус. Задоволство, но и изненадување од ...
Папата Лав XIV во неделата ги повика светските челници да ги запрат војните, особено во Украина и Појасот Газа, во говорот по неговата прва неделна молитва како поглавар на Римокатоличката црква пред десетици илјади луѓе. „Соочен со сегашното драматично сценарио на Трета светска војна во делови, како што папата Франциско неколкупати кажа, и јас се обраќам кон светските водачи, повторувајќи го овој сè уште актуелен апел: никогаш повеќе војна!“, ...