Последните одлуки и гласањето во Обединетите нации јасно покажаа дека Владата ја води надворешната политика целосно без компас, импулсивно и надвор од јасно утврдените стратешки приритети, кажа на денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Таквиот однос, смета Филипче, создава опасност Македонија да биде маргинализирана во европските политички кругови. „Наместо да се однесуваме како држава со конзистентна меѓународна политика, ...
Конфузна, импровизирана и без компас. Вака Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја оцени надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со резолуциите за Украина. На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека Владата го напушта курсот на Европската Унија и нејзините земји членки и со нејзиното неконзистентно однесување во надворешната политика делува како залутан играч на меѓународната ...
Опозициската СДСМ има проблем со блискоста на Владата со новата Администрација на САД. Им смета тоа што Македонија во рамките на Обединетите нации, застана отворено зад резолуцијата на САД за Украина, која патем беше усвоена во Советот за безбедност и за разлика од другата, подржана од Франција и Германија, оваа е обврзувачка. Според лидерот на СДСМ, Македонија не требала да избира страна и во стилот на досегашната политика на претходната Влада, ...