После години на барање во File Explorer да се додадат „табови“, Microsoft конечно најави дека официјално работи на развојот на оваа функција во април оваа година. Сега функцијата е спремна за тестирање, па стана достапна во најновата верзија од Windows 11 во Dev каналот. Dev каналот од Windows Insider програмата не е поврзан со некоја конкретна верзија од Windows 11, што значи дека не можеме да знаеме кога Microsoft планира да ја пушти оваа нова ...

Експериментот со опцијата Sets во Windows 10 не успеа пред неколку години, но во Microsoft се уште сметаат дека е добра идеја да се воведат табови во File Explorer, само тоа треба подобро да биде изведено. Нова недела, нова експериментална можност која Microsoft ја пушта во тестирање како дел од Windows 11 Insider. Во верзијата Preview Build 25136, која им е веќе достапна на инсајдерите за надградба, ќе се појават табови во File Explorer ...