„Македонската академија на науките и уметностите од 91 вработен, 90 се Македонци, само еден е Албанец и нема ниту еден од друга етничка заедница. Јавните државни претпријатија, како МЕПСО, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, каде што етничката заедница е крајно непочитувана и е под 10 отсто, односно има само шест отсто од албанската етничка заедница, а под еден отсто на турската етничка заедница. Не е подобра состојбата во ...
Мал е бројот на институции од јавниот сектор, установи или единици на локалната самоуправа што го почитуваат начелото за соодветна и правична застапеност, за разлика од оние што не ги задоволуваат законските норми. Ова денеска на прес-конференција го соопшти народниот правобранител Насер Зибери нагласувајќи го Посебниот извештај за 2023 година, кој се однесува на следењето на примената на начелото за соодветна и правична застапеност во јавниот ...