Нешто повеќе од четвртина од светското население нема пристап до чиста вода за пиење, а дури 46 отсто од населението нема пристап до основните санитарни потреби, се наведува во извештајот на Обединетите нации. Во годишниот извештај на Обединетите нации за вода наведени се и чекорите што мора да се преземат за да се исполни целта целото население да има пристап до вода за пиење и основни санитарни потреби до 2030 година. Уредникот на извештајот ...
– Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот завршен збор. Ова, вели тој, вклучува рационално користење на водата за земјоделски потреби и поагресивно дејствување против климатските промени. Водата „мора да биде во центарот на светската политичка агенда, додаде тој. Во извештајот објавен пред конференцијата се вели дека 26 отсто од светското ...