Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година не победи и на вториот контролен дуел во Турција. Новата генерација на тренерот Горан Станиќ, одигра реми без голови против врсниците од Азербејџан во меч во кој беше подобар ривал, но немаше соодветна завршница. Дуелот меѓу двете селекции во Турција тргна мирно. Се играше без шанси, главно на средината на теренот и со доста прекини. Се до 20. минута, кога Азербејџан ја имаше првата можност, ...

Вечерва во Анталија, нашата У-21 репрезентација одигра без победник и без голови во приојателски натпревари против соодветната селекција на Азербејџан. Ова беше втора контрола на избраниците на селекторот Горан Станиќ во Анталија деновиве, претходно бевме поразени од Белорусија во контроверзен меч. Од она што можеше да се види, нашите репрезентативци беа подобар противник од Азербејџанците, имаа повеќе шанси за гол, но реализацијата затаи. ...