Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост во врска со најавениот проект за изградба на нови објекти во просторот на Скопското Кале, кои наместо зачувување и промоција на историските вредности, претставуваат реална опасност за нарушување и изменување на архитектонскиот и културен оригиналитет на оваа локација со посебно значење за сите граѓани, се вели во соопштението од ДУИ што МИА гопренесува интегрално. Скопското Кале ...

„Скопското Кале претставува вековен сведок на соживотот и мултиетничката историја на оваа земја. Претходните интервенции, кои немаа научен или реставраторски карактер, сега се мисли да се надополнуваат со нови градби што ниту ја отсликуваат историската реалност, ниту ја почитуваат автентичноста на културното наследство. ДУИ смета дека Калето не смее да се претвори во арена за политичка корист или симболичко наметнување. Секој иден проект треба ...