Прва средба одржаа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Од Кабинетот на претседателката соопштија дека двајцата зборувале за политичката и безбедносната состојба, како и можните решенија кои би довеле до отпочнување на преговорите со Европската Унија. Филипче ја оцени средбата како конструктивна и додаде дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобра позиција што власта би ја обезбедила за одблокирање на ...
Евроинтеграциите и безбедносните служби во фокусот на разговорите меѓу претседателката Гордана Сиљановска Давкова и лидерот на социјалдемократите Венко Филипче. Власта прави партизација на безбедносните служби, ѝ рекол Филипче на претседателката. Укажал дека спојувањето на безбедносните служби ќе направи гломазна структура која би била тешка за контролирање. Во однос на евроинтеграциите, Филипче вели, ќе ја поддржат секоја подобра опција од ...