„Проектот ‘Простори на конјункција’ ја утврдува уметноста како динамичен простор во кој интимните, лични фрагменти се преплетуваат со колективните мемории и културни матрици како театар на тензија и симбиоза. Оваа изложба ги истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите наративи – широка, сложена мрежа на големите историски и културни наративи – концепт што произлегува од Жан-Франсоа Лиотар и ...

Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул е отворена изложбата „Простори на конјункција“ – проект на Националната галерија на Македонија што ја претставува современата македонска уметност. Изложбата беше отворена од директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски, и директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, кои во своите обраќања ја истакнаа важноста на ...