Двократниот европски шампион Вардар вечерва се среќава со хрватски Сесвете на стартот на новата сезона во второто по ранг европско натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа. Пред почетокот на мечот РК Вардар со едноминутно молчење им оддаде чест на поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Илија Темелковски и на членот на популарниот македонски бенд ДНК, Владимир Блажев Панчо. Крадењето авторски текстови е ...

Црвено-црните влегоа како голем фаворит во мечот против хрватскиот противник и моќта ја покажаа на теренот, но имаа и падови во играта по кои му дозволуваа на Сесвете да се враќа во мечот. Вардарци одлично го отворија натпреварот, со водство од 3-0, неколкупати имаа и пет гола предност, но од 11-6 следуваше пад и серија на Сесвете од 5-1 со која Хрватите дојдоа на минус еден. Момците на Чупиќ веднаш се разбудија и повторно направија разлика, на ...