Милан деновиве ќе официјализира уште едно сериозно засилување и тоа швајцарскиот интернационалец Ардон Јашари, за кого преговараше навистина долго. Спортскиот директор Игли Таре конечно успеа да ја заврши работата со Клуб Бриж, но повеќе под условите кои ги налагаше белгискиот клуб, кој ја искористи добрата преговарачка позиција. Јашари доцна синоќа пристигна во Милано и потврди дека ќе биде нов член на „росонерите“, а денеска треба да ги помине ...

Репрезентативецот на Словенија, Бенјамин Шешко од вечерва е во Манчестер каде го очекува потписот со премиерлигашот Јунајтед. Според најавите, по постигнатиот договор меѓу двата клуба Шешко треба во текот на утрешниот ден да ги мине лекарските прегледи и официјално да биде претставен како нов играч на „црвените ѓаволи“. Словенецот изминативе две сезони демонстрираше одличен фудбал во дресот на Лајпциг, издвојувајќи се како еден од најдобрите ...