Ганг, кој стана министер во декември минатата година, го нема во јавност од 25 јуни, што се објаснува со комбинација од службени и приватни проблеми. Сомнежите околу Ганг почнаа кога тој не се појави на самитот на АСЕАН во Џакарта, што кинеското министерство за надворешни го оправда за „здравствени проблеми“. Во Џакарта патуваше претходникот на Ганг, Ванг Ји, кој таму имаше средба и со американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен. ...
До денеска (21 јули, 2023), кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг е отсутен од јавноста цели 26 дена, односно повеќе од три недели по неговите последни дипломатски средби на 25 јуни. На релативно млада возраст од 57 години, тој, кога ја презеде функцијата во декември, стана еден од најмладите министри за надворешни работи во кинеската историја. Тој, во тоа време, наголемо се сметаше за човек од доверба на кинескиот претседател Ши ...