Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот изјави дека Израел ќе го натера Хамас да плати за неуспехот на групата да го предаде телото на заложничката Шира Бибас при првото пренесување на посмртните останки, како што беше договорено, пренесоа агенциите. „Ќе дејствуваме решително за да ја вратиме Шира дома заедно со сите наши заложници – живи и мртви – и ќе се погрижиме Хамас да ја плати целата цена за ова сурово и злобно прекршување на ...

Израелските власти истражуваат можен терористички напад јужно од Тел Авив откако експлодираа три автобуси во Бат Јам. Воведени се рестрикции за палестинското движење и затворени делови од Западниот Брег. Во истовреме Нетанјаху го обвини Хамас за прекршување на договорот откако надлежните утврдиле дека едно од предадените тела не е мајката на двете деца на семејството Бибас и не припаѓа на ниту еден друг заложник. Милитантите засега без коментар. ...