„Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука и да го запре ширењето на населбите, во согласност со Резолуцијата 2.334 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, наведоа тие држави во заедничка декларација, пренесе британската агенција Ројтерс. „Оваа еднострана акција, која е дел од општото засилување на политиката на населување на Западниот Брег, претставува кршење на меѓународното право и ризикува да поттикне нестабилност“, се додава во ...

Напаѓачот, кој доаѓал од окупираниот Западен Брег, бил ранет на местото на настанот од цивил и потоа пренесен во болница, соопшти израелската полиција. „Ова беше терористички напад“, додаде полицијата. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека ѝ наредил на војската жестоко да одговори во градот Кабатија на Западниот Брег, од каде што, според него, потекнува напаѓачот, со цел да се спречат понатамошни напади. Израелската армија ...

Тел Авив, 26 декември 2025 (МИА) - Палестински напаѓач денеска во северен Израел, прво со автомобил прегази маж и потоа излезе и со нож и избоде жена, убивајќи ги двајцата, соопштија израелските служби за итни случаи. Напаѓачот од окупираниот Западен Брег беше ранет од цивил на местото на настанот и беше префрлен во болница, објави израелската полиција. „Ова беше терористички напад“, додаде полицијата. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ...