На 21 октомври, петок, со почеток од 18 часот, во Културно Информативниот центар - КИЦ Скопје, ќе се одржи промоцијата на сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова. Антологискиот расказ „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски, кој се смета за еден од најубавите раскази во македонската книжевност, е дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа Темплум. Расказот „Страшна ноќ“, со помош на извонредната ликовна техника на ...
Сликовницата „Приказна за малиот Уг“ од авторката, уметницата и илустраторка Ирина Атанаскова ќе биде промовирана на 22 октомври, сабота во 12 часот. Промоторка на настанот кој ќе се одржи во дебармаалското кафуле „Морис Кафе Бар“, ќе биде Александра Симова, а промоцијата ќе ја модерира Билјана Црвенковска. „’Приказна за малиот Уг’ е нежна, емотивна и прекрасно илустрирана приказна за различностите. Малото Угче, главниот протагонист во ...