Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром стигна до убедлив триумф на домашен терен против МКК Куманово од 73-60 во дерби натпреварот од 5. коло од новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија. Во првата четвртина и двата тима одиграа силно во одбраната па сето тоа резултираше по десет минути игра на семафорот да стои нерешено 12-12. Аеродромци одиграа за нијанса подобро во нападот во вториот период што беше доволно за на ...

Со исклучок на службено загубениот меч со Ангели, МЗТ Скопје продолжува со максимален ефект во најсилната кошаркарска лига, а денеска имаше за предизвик да победи тим кој влезе без пораз во петтото коло. Тимот на Куманово првпат ја почуствува горчината на поразот оваа сезона, а за да дојде до такво нешто, мораше да се соочи со актуелниот шампион. Амбициозниот гостин парираше во првото полувреме и имаше резултатски приклучок на натперварот, но ...